Комо по 21 година фунционирање во пониските лиги на италијанскиот фудбал изминатата сезона обезбеди враќање во „елитата“, а дека цели да остане калчолигаш и во годините кои следат говорат и трансфер амбициите каде голема желба е Рафаел Варан.
Поранешниот стопер на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед со повеќе од 350 натпревари во „кралскиот дрес“ и стотина мечеви во редовите на „црвните ѓаволи“ е слободен играч откако му заврши договорот со англискиот тим и е блиску до премин во италијанскиот клуб.
Варан освои се што можеше да се освои со Реал Мадрид, а се стекна и со епитетот светски шампион настапувајќи за француската репрезентација. Денеска овој 31-годишник според популарниот „Трансфермаркт“ вреди 20 милиони евра и не е само трансфер цел на Комо туку и на повеќе клубови од елитните европски првенства како и клубови од САД и Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА