Францускиот дефанзивец Рафаел Варан (31) го посети италијанскиот град Комо за да преговара за потенцијален трансфер во новиот член на Серија А, објави Фабрицио Романо.
Комо во сезоната 2023/2024 го освои второто место во Серија Б и се врати во највисокото ниво во италијанскиот фудбал. Варан разговараше со раководството на клубот и со помошниот тренер Цеск Фабрегас.
Комо последен пат играше во Серија А пред повеќе од 20 години, а клубот двапати банкротираше и падна во четвртиот степен на италијанскиот фудбал. Сè се смени во 2019 година кога го презедоа браќата од Индонезија Роберт и Мајкл Хартоно. Оттогаш, клубот доживеа брз подем, што кулминираше со влез во највисокото ниво.
За време на пандемијата, браќата Хартоно покажаа грижа за локалната заедница со донирање во здравствени установи и користење на локални ресурси. Оваа приказна го привлече и легендарниот француски напаѓач Тиери Анри, кој реши да инвестира во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА