Рафаел Варан стана член на управата на Комо.

Рафаел Варан ги изненади сите со тоа што на почетокот на есента реши да стави крај на својата професионална кариера, а сега пристигна нова изненадувачка информација, откако тој стана член на управата на Комо.

Од италијанскиот клуб објаснија дека поранешниот француски репрезентативец со своето искуство може да му помогне на клубот уште повеќе да „порасне“.

„Комо е среќен што може да го објави назначувањето на Рафаел Варан за член на управниот одбор. Со интегрирање на академски, лидерски и стручни обуки во младинските програми, Варан има за цел да им помогне на младите спортисти да се подготват за живот надвор од фудбалот“, се вели во соопштението на клубот.

Се вчитува...