Рафиња: Да бев во друг клуб, немаше да прифатам понуда од Барса во овој момент

Фудбалерот на Барселона, Рафиња вечерва во најавата за Супер-Купот зборуваше за ситуацијата во тимот, односно тоа што тешко оди регистрацијата на Дани Олмо и на Пау Виктор.

Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација, ја одбија Барселона да ги регистрира двајцата фудбалери, а каталонскиот клуб поднесе жалба до Врховниот совет на спортови, што е последната шанса да се смени ситуацијата.

„Не сакам да лажам, ова е многу тешка ситуација. Никогаш не сакаме да доживееме такви моменти, тие се тешки за нас и за играчите кои и натаму не се знаат дали ќе играат или не. Се надевам дека одговорните ќе го решат проблемот. Вистината е дека ние знаеме колку и вие. Ќе останаеме фокусирани. Би сакал да кажам дека ова не влијае на играчите, но нема да лажам. Да бев во друг клуб и да ја гледав ситуацијата со Дани и Пау, би размислувал дали би се преселил во Барселона. Кога дојдов тука, знаев за ситуацијата“, рече Рафиња.

Се вчитува...