Шеиците од Саудиска Арабија не успеаја да стигнат до Винисиус, па решија вниманието да го насочат кон Рафиња. Нецели два дена откако беше објавено дека Ал Хилал му нуди на асот на Барселона плата од 50 милиони долари по сезона (повеќе од пет пати повисока заработувачка од онаа што ја има во Барса), самиот Рафиња потврди дека добил фантастична понуда од Саудиска Арабија.
„Можам да потврдам дека вчера бев информиран за понудата од Саудиска Арабија. Да бидам искрен, бројките се навистина високи, неверјатни дури. Ако ја добиев понудата лани, без размислување ќе заминев, тогаш бев разочаран и тоа целосно ќе ми го променеше животот, на мене и на моето семејство, парите што се нудат се навистина неверојатни. Секој што ќе каже дека веднаш би одбил таква понуда лаже бидејќи мора добро да се размисли кога некој ќе ти понуди такво богатство“, открива Рафиња.
Бразилецот вечерва ќе ја предводи Барса во финалето на Копа дел реј против Реал Мадрид, тој вели се уште има „незавршена работа“ во каталонскиот гигант, но и не отфрла категорично заминување во Саудиска Арабија штом сезонава финишира.
„Верувам дека се уште можам да придонесувам на највисоко ниво, овде во Барселона и севкупно во европскиот фудбал. Можам да понудам многу работи, имам незавршена работа. Засега го следам срцето пред парите, но не можам да кажам до кога тоа ќе биде случај“, истакнува големиот ас на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА