Рафиња донесе одлука за иднината

Рафиња беше на излезните врати од Барселона пред клубот да го превземе Ханси Флик, а под водство на германскиот стратег успеа да се препороди па и да ја одигра најдобрата сезоната во кариера по која е конкурент за престижната награда „Златна топка“.

Бразилецот не го крие задоволството од настапот во дресот на Барселона кој цели да го носи и во следните години.

„Што е следно? Потпишување на нов договор со Барселона. Да размислувам да бидам најдобариот фудбалер без Барселона не ми е логично. Уживам тука морам да бидам искрен. Не можев ни да сонувам вакво нешто“, изјави Рафиња.

Рафиња оваа сезона постигна 32 голови за Барселона во сите конкуренции, а додаде и 25 асистенции.

Се вчитува...