Рафиња го напаѓа рекордот на Меси

Рафиња ја игра најдобрата сезона во кариерата, а извонредната голгетерска серија на Бразилецот продолжи и на синоќешниот дуел од четвртфиналето на ЛШ против Борусија Дортмунд.

Големиот ас го отвори резултатот во првото полувреме, најавувајќи ја убедливата победа од 4-0 на каталонскиот гигант, погодок со кој Рафиња уште повеќе се приближи на рекордот на Лео Меси за најмногу голови во една сезона во ЛШ од страна на фудбалер на Барселона.

Синоќешниот погодок на Рафиња беше вкупно 12. во елитното европско натпреварување, со што тој сега има само два помалку од рекордот на Меси, кој постигна 14 во својата најдобра сезона (2011/12).

Она што е интересно, главен ривал на Бразилецот му е уште еден фудбалер на Барса, Роберт Левандовски, кој со двата гола постигнати синоќа стигна до 11 погодоци сезонава во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...