Рафиња го продолжи договорот со Барселона

Бразилскиот напаѓач Рафиња го продолжи договорот со Барселона за уште две сезони, односно до крајот на јуни 2030 година, објави шпанскиот клуб.

Рафиња пристигна во Барса во 2022 година и со текот на сезоните стана предводник на нападот и исклучително ефикасен стрелец. Тој беше еден од клучните играчи во освојувањето на шпанското првенство во 2025 и 2026 година.

Оваа сезона ја презеде и капитенската лента. Во интервју од септември оваа година, бразилскиот фудбалер изјави дека сака да остане во Барселона, па дури и да ја заврши кариерата во каталонскиот гигант.

По заминувањето на Роберт Левандовски и Феран Торес, неговата позиција на теренот оваа сезона се промени од крилен напаѓач премина на позицијата централен напаѓач, што се покажа како одличен потег. На 13 натпревари за Барса оваа сезона, Рафиња постигна 19 гола и забележа три асистенции.

Се вчитува...