Рафиња во 2022 година го оствари трансферот од сништата кога дресот на Лидс го замени со оној на Барселона по премин вреден 58 милиони евра, но како што одминуваат натпреварите формата на Бразилецот е се повеќе во надолна линијата.
На почетокот на оваа сезона доби шанса на крилната позиција каде очекувањата беа дека ќе го замени Усман Дембеле кој се пресели во ПСЖ, но 26-годишникот на 11 натпревари запиша само два гола и три асистенции што е далеку од нивото на игра кое го бара тренерот Чави.
Рафиња заработи и повреда која му го отажна сезоната, но откако се врати на теренот се уште се мачи да ја преслика формата која го доведе на „Камп Ноу“. А, тоа претставува и голем проблем за да го продолжи престојот во Барселона.
Според шпанските медиуми Чави ќе му даде шанса до крајот на сезоната да се наметне во спротивно ќе биде продаден престојното лето. Интерес за Рафиња имаше од Премиерлигата и Саудиска Арабија и изминатото лето, но Бразилецот ги одби понудите со цел да се докаже во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

