Бразилскиот репрезентативец, Рафиња ја засили Барселона во 2022 година во трансфер вреден 58 милиони евра. Од него се очекуваше да ја пополни празнината која ја остави Дембеле, но потфрли во обидот.
Поранешниот фудбалер на Лидс не ги исполни каталонсктие очекувања оваа сезона постигна само четири голови и шест асистенции во Ла Лига, а со оглед на финансиските потешкотии со кои се соочува шпанскиот гигант тој најверојатно ќе замине од клубот престојното лето.
За услугите на 27-годишникот се заинтересирани повеќе клубови од Саудиска Арабија кои не само што нему ќе му понудат богат договор, туку и од кои добро ќе заработи и самата Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

