Рафиња: Кој ги е*е Аргентинците

Големото дерби во рамките на јужноамериканската квалификациска зона за Мундијалот ќе го одиграат Аргентина и Бразил.

Рафиња се потруди дополнително да ја вжешти атмосферата пред пресметката на вечните ривали. Напаѓачот на Барселона игра одлична сезона, а пред мечот во Аргентина во разговор со легендарниот Ромарио беше повеќе од самоуверен.

„Ќе ја победиме Аргентина, не се сомневам во тоа. На и надвор од теренот доколку е потребно. Влегувам во тој натпревар со се што имам и ќе дадам гол. Кој ги е*е Аргентинците“, рече Рафиња.

Се вчитува...