Рафиња: Му благодарам на Роналдињо, поради него ги засакав фудбалот и Барса

Барселона и официјално го промовираше новото засилување Рафиња од Лидс јунајтед, за кого се исплатени 58 милиони евра.

Бразилецот не престанува да дава комплименти за новиот клуб, па откако си го оствари сонот, откри кој е неговиот идол и зошто сакал да заигра на „Камп ноу“.

„Почнав да ја следам Барселона уште во времето на Роналдињо, неговата магија со топката ме натера уште повеќе да го засакам фудбалот. Тој ми е идол, секако дека тоа влијаеше да сонувам за трансфер тука. Роналдињо направи огромна кариера во Барса, би сакал и јас да го сторам истото. Секако, и Нејмар е еден од фудбалерите поради кои ја гледав оваа екипа“, истакна Рафиња на прес-конференцијата.

Се вчитува...