Фудбалерот на Барселона Рафиња, кажа дека никогаш не би заиграл за Реал Мадрид. Овој бразилски фудбалер на „Ноу Камп“ стигна од Лидс минатата година.
Оваа сезона одигра 32 меча и седум пати се запиша во листата на стрелците. Од него се очекуваше многу повеќе, но засега пружа скромни партии во дресот на „каталонците“.
„Никогаш не би играл за Реал Мадрид. Во Шпанија ја сакам само Барселона, и само тој клуб постои во таа земја. Во странство тоа се ПСЖ и Арсенал“, рече Рафиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

