Бразил киксираше со Венецуела одигрувајќи без победник, 1-1, во квалификациите за СП 2026.
Но, ако ништо друго, и тоа како Бразилците ќе го паметат извонредниот погодок на Рафиња директно од слободен удар кој го одбележа мечот.
Бразил поведе токму со голот на Рафиња во 43. минута од натпреварот, но и тоа како јужноамериканската јавност го коментираше и начинот на кој го прослави погодокот.
Raphinha, milli takımda da durmuyor 🔥pic.twitter.com/4eog67NRk7
— De Marke Sports (@demarkesports) November 15, 2024
Истрча до првата камера и испрати порака до Нејмар, кој повеќе од една година мака мачи со повредите, прославувајќи го голот токму на начин на кој своите погодоци ги прославува Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА