Рафиња со два гола го донесе трофејот во Суперкупот за Барселона (ВИДЕО)

Барселона го освои трофејот во Суперкупот на Шпанија, почнувајќи ја годината со прва титула, откако во финалето кое се играше во Саудиска Арабија триумфираше против најголемиот свој ривал Реал Мадрид со 3-2. Ова е 16-ти трофеј во Суперкупот за Каталонците!

Голот за победа на каталонскиот тим го донесе Рафиња со голот во 73. минута од средбата, откако претходно беше одиграно извонредно прво полувреме.

A, во супер-полувремето Барселона прва постигна гол. Иако Мадрид имаше две шанси преку Винисиус и Гарсија, кои шутираа слабо и стигнаа само до рацете на Гарсија, Каталонците поведоа.

Рафиња прво го промаши по феноменалното додавање на Јамал, но кратко потоа во 36.минута речиси од истата позиција постигнува гол за прослава на своите соиграчи и сите навивачи на каталонскиот тим.


И потоа, во втората минута од судисокото продолжение Винисиус Жуниор со мала мајсторија израмни на 1-1.


Кога се чинеше дека така ќе се оди на пауза, Левандовски спектакуларно погоди во 45’+4 за 2-1.


И тоа не беше се во првите 45 минути. По корнерот во 45’+6 минута, Гонзало Гарсија погоди за 2-2 пред паузата.

На крајот, Барселона беше подобра токму за тој еден гол за освојување на трофејот во Суперкупот.

Се вчитува...