Рафиња задоволен: За сите е подобро што Нико не дојде во Барселона

Големо беше разочарувањето во таборот на Барселона откако трансферот на Нико Вилијамс пропадна во „пет до дванаесет“, по пресвртот во ставот на шпанскиот репрезентативец кој наместо да дојде на закажаните лекарски прегледи во каталонската престолнина на крајот потпиша нов договор со Атлетик Билбао.

Еден од ретките за кои тоа беше позитивна вест е Бразилецот Рафиња, кој настапува на иста позиција со Вилијамс и ваквиот расплет му овозможи да ја задржи улогата на стандарден првотимец во каталонскиот гигант.

„Бев мирен околу целата ситуација. Јас отсекогаш сум велел дека играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мораат да се борат за овој клуб. Оние кои не сакаат да бидат овде, што предолго размислуваат, подобро воопшто да не доаѓаат. Добра работа е што во младинската екипа имаме големи таленти кои сакаат да бидат дел од Барса, да го носат дресот на овој гигант. За мене е најважно што сите момци од нашиот тим навистина сакаат да се овде. Затоа, мислам дека е најдобро за сите што Нико не дојде, туку си остана во Атлетик“, истакна Рафиња.

Се вчитува...