Рафиња: Заслужив да ја освојам Златната топка

Крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња ги коментираше резултатите од Златната топка, која замина во рацете на Усман Дембеле.

Бразилецот смета дека петтото место за него е разочарувачко, и дека тој требало да биде освојувач на оваа награда на „Франс фудбал“.

„Бев разочаран од петото место. Очекував повеќе, барем да бидам меѓу првите три. Знаев дека ќе биде тешко да се победи, затоа што тоа зависеше од успехот во Лигата на шампионите. Но, без разочаран. Меѓутоа ништо не може да го поништи она кое го сторив минатото место. Би се ставил себе на првото место, затоа што индивуална награда не треба да се доделува врз основа на едно натпреварување. Заслужив да бидам прво место по она кое го сторив во текот на сезоната. ЗАтоа што оваа нагтрада се доделува врз основ на едно натпреварување, Дембеле заслужено победи, затоа што тој имаше одлична сезона. Но, ако наградата се базираше за текот на целата сезона, мислам дека заслужив да ја освојам“, изјави Рафиња.

Се вчитува...