Францускиот суд во Бордо осуди тројца рагбисти на долги затворски казни за групно силување, пренесува France24.com.
Според судот, токму Ирецот Денис Кулсон и Французинот Лоик Џемс се осудени на 14 години затвор, додека третиот Новозеланѓанецот Рори Грајс доби 12 години зад решетки.
Имено, на 12 март 2017 година, студентката во солзи го напуштила хотелот на периферијата на Бордо и го пријавила случајот на силување во полиција.
Како што е објаснето на судењето, рагбистите на Гренобл ја сретнале студентката во клубот и ја однеле во хотелска соба каде извршиле одвратни сексуални дејствија, кои вклучувале ставање на разни предмети во вагината на жртвата. Утрото по силувањето жртвата се разбудила со повреди, а судејќи според видеата прикажани на судењето, рагбистите користеле и банани, шишиња…
Токсиколошкиот извештај покажал дека алкохолот во крвта на студентката бил речиси на ниво на труење, иако спортистите за време на судењето тврдеа дека сексуалната врска била консензуална.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА