Рагник: Французите едвај го дочекаа крајот на натпреварот

Селекторот на Австрија Ралф Рангник е задоволен по натпреварот и покрај поразот на стартот на ЕУРО 2024 година. Репрезентацијата на Франција ја совлада селекцијата на Австрија со 1-0 во првото коло од групата Д на Европското првенство во Германија.

Единствениот гол всушност беше автогол на австрискиот дефанзивец Максимилијан Вебер во 38. минута.

„Го загубивме натпреварот. Да бидеме фер, Франција имаше повеќе шанси и тоа беше заслужена победа. Но, бевме во игра до последната минута. Оставивме се на теренот. Сега треба да гледаме напред и да се обидеме да ја победиме Полска во петок. Да бидам искрен Французите едвај дочекаа да заврши мечот“, изјави Ралф Рангник.

Се вчитува...