Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг летово би можел да го напушти Манчестер Сити и да премине во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Иако има договор од уште две години со „граѓаните“, Стерлинг наводно размислува околу напуштање на „Етихад“.
Тој не е задоволен со статусот кој го има во Сити, а од клубот сепак веруваат дека ќе може да го задржат одличниот Англичанец, а веќе му подготвуваат и нов договор. Сепак, Карло Анчелоти го посакува Стерлинг во своите редови како би можел да го освежи нападот, делот кој беше најлошиот за „кралевите“ минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА