Возачот на Ферари, Кими Раиконен, сака да остане во италијанскиот тим и по завршувањето на сезоната. Искусниот Финец на првата трка во Австралија имаше многу подобар страт во однос на лани, но со подобри перформанси е и целиот тим на Ферари.
„Ќе останам во шампионатот се додека уживам во возењето во Формула 1 и додека се барани моите услуги“ – изјави 37-годишниот Кими Раиконен кој е највозрасен од активните возачи во Формула 1.
Изјавата на Раиконен, светските медиуми ја поврзуваат со опасноста неговото место во Ферари да го заземе резервниот возач во тимот, Антонио Џовинаци кој викендов ќе го има вториот старт во Ф1 на местото на Паскал Верлејн во болидот на Заубер. На дебито во Австралија, Верлејн заврши на 12.место, а поради повредата на Верлејн, Џовинаци ќе се појави на стратот и на трката за ГН на Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА