Кими Раиконен беше во елемент на прес-конференцијата во пресрет на трката за ГН на Сингапур што ќе се вози во недела на патеката „Марина беј“. Финецот кој на крајот на сезоната го напушта Ферари и се враќа во тимот на Заубер во кој во 2001 година ја почна Ф1 кариерата на свој начин се пресмета со „здодевниот“ новинар што го нервираше со прашањата. А, на сето тоа одлично се забавуваше Луис Хамилтон.
„Не беше ваша одлука да го напуштите Ферари, но беше ваша одлука да се вратите во Заубер. Може ли да ни објасните зошто го сторивте тоа?“ – праша новинарот.
„А, зошто да не“ – му одговори Раиконен.
„Дали и понатаму сте подеднакво желни за натпреварување како на почетокот на кариерата?“ – продолжи новинарот.
„Не, не сум. Останувам само за да се пигрувам со вас новинарите. Заминувам во Заубер во наредните две години за да бидам несреќен“ – саркастично одговори Кими Раиконен и ги насмеа другите возачи, посебно Луис Хамилтон кој седеше веднаш до него.
Финецот има 285 настапи во Формула 1 во кои оствари 20 победи, 100 пати се искачи на подиумот, а 18 пати беше најбрз во квалификациите и избори стартна позиција.
По 14 трки во годинашниот Ф1 шампионат, Раиконен е на третото место со 164 бода, зад Хамилтон (256) и Фетел (226).
Think we can all agree that another two years of this is a good thing ??#SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/OEFelFViFm
— Formula 1 (@F1) September 13, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА