Пол Погба е уште подалеку од заминување од Манчестер Јунајтед откако управата на англискиот гигант решила уште повеќе да ја зголеми сумата што ја бара за својот најскап фудбалер, од 160 на 200 милиони евра. Главен виновник за тоа е агентот на Погба, Мино Раиола, кој со честите изјави дека овој фудбалер сигурно ќе ги смени клупските бои летово уште повеќе ги налути челниците на Јунајтед.
Весникот „Мирор“ тврди дека раководството на „црвените ѓаволи“ е бесно за ваквиот однос на супер-агентот, кому сега дополнително ќе му ја отежнат работата да најде купец за Французинот по новата, зголемена цена. Јувентус се откажа бидејќи не сакаше да плати ниту 160 милиони евра, во игра остана само Реал Мадрид, но тешко е за верување дека и „кралевите“ би издвоиле 200 милиони за да го ангажираат Пол Погба.
Единствена опција би била понуда со вклучени најмалку двајца фудбалери (Бејл плус Иско или Асенсио), но преговорите дефинитивно нема да бидат лесни, особено во период на затегнати односи меѓу Раиола и управата на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА