Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, откри што ќе направи шведскиот голгетер кога ќе ја заврши кариерата. Тој го привлече вниманието откако потенцираше дека Ибра ќе работи на директорска позиција во некој фудбалски клуб.
Ибрахимовиќ (39) во моментов ги брани боите на Милан, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
„Зборуваме за иднината секоја година. Сигурен сум дека кога веќе нема да се почувствува како прва виолина, тој ќе каже доста и ќе стане директор на клуб“, рекол Раиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА