Раиола: Реал Мадрид е како Ферари, но Перез направи една голема грешка кај Суперлигата

Мино Раиола со право важи за најмоќен фудбалски агент на денешницата, тој решава за иднината на асови како Халанд, Погба, Донарума… а со години се грижи и за беспрекорната кариера на Златан Ибрахимовиќ.

Раиола даде долго интервју за шпанскиот весник „Ас“, во кој говореше за најразлични теми, а даде и свое интересно мислење за пропаднатиот проект на Суперлигата.

„Јас секогаш сум водел битка против ФИФА, против монополот во светот на фудбалот, но оваа идеја беше најрадикална од се што имавме видено досега. Најголема грешка на организаторите на Суперлигата е што сакаа со новото натпреварување да побегнат од Лигата на Шампионите. Видете го Ферари, со еден болид игра во Формула 1, а потоа има друго возило за Ле Ман. Реал Мадрид за мене е како Ферари во светот на фудбалот, не гледам зошто не би играл и во ЛШ и во Суперлигата. Тоа би бил најубав експеримент во историјата на фудбалот, да постојат две врвни натпреварување. Па навивачите нека бираат самите што ќе гледаат. Секако, тимовите би играле и во домашните лиги“, истакна Раиола.

Се вчитува...