Не беше Исланд толку под своето ниво колку што Македонија одигра перфектно, кревајќи ја својата игра на далеку поголема височина од оние во последните неколку години. „Црвено-жолтите“ имаа точно зацртан план од селекторот Гонзалес, а ракометарите беспрекорно го реализираа.
Покажаа и квалитет, но и зрелост, па по оној мини-пресврт на Исланд на стартот од второто полувреме се вратија уште посилни. Ракометот што го играа „црвено-жолтите“ беше за душа и мерак на најголемите спортски гурмани во нашата земја, а начинот на кој се справивме со силниот ривал е само доказ дека селекцијата не ни е „емоционално истрошена“, туку напротив, полна со елан и желба за нови и поголеми успеси.
Секако, патот ќе биде долг, но добро е чувството да се знае дека се движиме во вистинска насока.
[new_royalslider id=”618″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА