Голманот на Арсенал, Давид Раја е убеден дека неговиот тим може да се бори за сите титули во оваа сезона. Голманот на лондонскиот клуб ова го одговори на прашањето дали екипата може да се бори за трофеј повеќе.
Раја беше еден од хероите на „топчиите“ во победата на својот тим над Атлетико, и рече дека тимот сега има широк играчки кадар да се бори на сите фронтови.
„Мислам дека можеме да се бориме за трофеј повеќе. Ширината на нашиот тим е неверојатна. Имаме многу играчи, и имаме играчи кои може да играат на повеќе позивии. Мерино го почна мечот против Атлетико како напаѓач, потоа може да игра и во средниот ред. Ова е видот на разновидност што ја има тренерот. И тој ја користи во наша корист за да ги постигне најдобрите можни резултати. Се изгледа одлично“, рече Раја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

