Со единствениот гол на Тросар во 40. минута од средбата, Арсенал успеа да го совлада Порто во регуларниот дел од реваншот во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а потоа преку пеналите да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во најелитното натпреварување.
Во второто полувреме во регуларниот дел Арсенал можеше да стигне и до 2-0, но не успеа да реализира неколку убави шанси.
Во продолженијата доминација на Арсенал, но без ефект. Порто повремено се селеше на противничката половина, но без завршница, без конкретност и опасност кон голот на Раја.
Се премина кон изведување на пенали. Први изведуваа „топчиите“ и во првата серија ударот на Одегард заврши во мрежата на Коста, на другата страна Пепе Акино исто така беше прецизен. Во втората серија Хаверц беше прецизен, а Раја му го одбрани пеналот на Вендел. Третата серија ја отвори Сака со прецизно изведен пенал, Грујиќ му се реваншираше. Рајс во четвртата серија беше успешен реализатор, а за Порто Галено шутираше, одбрани Раја и го однесе својот тим во 1/4 финалето на ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА