Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, вечерва поднесе оставка од селекторското место на Велс. Поранешното крило го чека судење поради физички напад на својата девојка Кејт Гревил и нејзината помлада сестра Ема во неговиот дом во Ворсли во ноември 2020 година.
Иако се изјасни како невин на сите обвинувања, треба да го докаже тоа и на суд. Тоа ќе значи дека Гигс нема да ја води репрезентацијата на Мундијалот, кој го обезбеди пред неколку недели. Велс за првпат по 64 години пауза ќе игра на Светско првенство.
„Се повлекувам од селекторската функција на Велс. Ми беше чест и привилегија да ја предводам мојата земја. Оставам ФА на Велс и моите соработници да се подготвуваат за Мундијалот во Катар. Пред мене е судска борба во Манчестер, и не можам да се посветам на селекторските обврски. Не сакам ова да влијае на подготовките и настапот на репрезентацијата во Катар“, стои во соопштението на Гигс испратено до федерацијата на Велс.
Најверојатно Роберт Пејџ ќе ја води селекцијата на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА