Шесткратниот олимписки шампион Рајан Лохте заработи суспензија од 14 месеци откако објави фотографија со инјекција со одредена супстанца. Иако Лохте во прв момент тврдеше дека супстанците не биле на листата на забранети средства, дополнителните тестирања што биле извршени нешто подоцна покажале присуство на недозволни супстанци во неговта крв.
Американскиот пливач во меѓувреме ги избриша фотографиите од својот профил, но антидопинг агенцијата остана на својот став – дека тој мора да биде казнет, па Лохте повеќе од една година ќе биде надвор од официјалните натпреварувања во базените ширум светот.
Само за потсетување, Рајан Лохте беше во центарот на вниманието и за време на ОИ во Рио во 2016 година, кога тврдеше дека бил физички нападнат, по што беше откриено дека станува збор за лага, па Американецот заработи суспензија од десет месеци. Поради таа казна, Лохте не настапи на Светското првенство што минатата година се одржа во Будимпешта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА