Кратовски Силекс продолжува со креирањето на составот за пролетниот дел од сезоната 2022/23 на која ќе се атакува и по излез на европската сцена.
Од кратовскиот прволигаш информираат дека се продолжени договорите со двајца стандардни првотимци Бојан Рајков и Дарко Анѓелески кои во клубот остануваат до 2025 година.
Претходно, како што е познато, Силекс го ангажираше и младинскиот репрезентативец Хамза Рамани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

