Македонскиот стратег Емил Рајковиќ втора година по ред ќе биде дел до „Ол-стар“ спектаклот на ВТБ лигата откако ја предводеше својата ЦСКА Москва со 17 победи во првиот дел од сезоната, завршувајќи на првата позиција на табелата.
Искусниот стратег не го криеше задоволството од тоа што одново ќе биде дел од спектакулраниот настан за кој ги повика фановите заедно да се прослави кошарката.
„Му благодарам на првенството за поканата. Уживав што бев дел од ВТБ „Ол-стар“ натпреварот претходната сезона и едвај го очекувам следниот настан. Сигурен сум дека традиционално одново ќе биде одлично организиран и возбудлив настан. Изборот преку драфтот ќе донесе поголем интерес и нешто ново за првенството. Секоја година овој настан привлекува поголем интерес на фановите и сигурен сум дека повторно ќе бидат полни трибините. Ги повикувам фановите да присуствуваат на настанот или пак да го проследат на телевизија. Да ја славиме кошарката и да се забавуваме“, изјави македонскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА