Емил Рајковиќ испишува историја со Астана во ВТБ-лигата, а македонскиот стратег рутински ги исполнува очекувањата на домашната сцена откако го одведе својот тим до рутински триумф во Купот на Казахстан.
Фактот дека на ова натпреварување странците немаат право за настап не беше никаков проблем за Рајковиќ, кој го извлече максимумот од своите избраници и на трите натпревари од овој завршен турнир забележа ито толку победи. Астана денеска за противник го имаше домаќинот на завршниот турнир, Алмати, без никаква мака триумфирајќи со убедливи 84-62.
Рајковиќ и Астана се големи фаворити и за титулата во првенството на Казахстан, а во меѓувреме овој тим ќе го очекува и дуел од плеј-офот во ВТБ-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА