Рајковиќ го зеде скалпот на Химки

Емил Рајковиќ продолжува со одлични резултати во ВТБ-лигата како тренер на Астана, откако со првакот на Казахстан вечерва триумфираше на гостувањето против Химки со 88-89. Химки во изминатите десетина дена имаше проблеми со повредени и болни играчи од Covid-19, во меѓувреме голем дел од нив се вратија, рускиот тим денеска настапи со Швед, Бертанс, Тима и Мики, но евролигашот сепак не успеа да слави над составот предводен од македонскиот стратег.

Рајковиќ одлично ја постави играта на својата екипа во втората и третата четвртина, што Астана ги доби со 23-31 и со 15-24. Химки успеа да се врати, но во неизвесна завршница избраниците на Рајковиќ успеаја да стигнат до голем триумф.

Ова беше прва овосезонска победа за избраниците на македонскиот стручњак по почетните порази од ЦСКА Москва и од Уникс Казан, но пред Рајковиќ сега е нешто полесен распоред во кој Астана би можела да влезе во победничка серија во ова натпреварување.

Се вчитува...