Емил Рајковиќ и неговата Астана се на добар пат да ја продолжат доминацијата во Казахстанското првенство откако со денешната победа од 95-89 поведоа во финалната серија против тимот на Атирау со 1-0.
Клучна за добивање на натпреварот беше втората четвртина во која преку одличниот напад, Астана постигна 30 поени, а дозволи 21, со што на полувремето замина со предност од 51-44. Гостите повторно се вратија во натпреварот во последната четвртина во која стигнаа и до негатива од еден поен, но тимот на Рајковиќ ја врати стабилноста во самата завршница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА