Македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговата Астана со перфектни 3-0 во полуфиналната серија против Каспи ја потврдија фаворитската улога и го запишаа своето место во ново финале на домашното првенство.
Првиот натпревар во серијата Астана го доби со 91-46, на вториот избраниците на Рајковиќ славеа со +30 (88-58), додека на денешниот дуел стигнаа до нова убедлива победа, овој пат од 52-85. Во финалето Рајковиќ и Астана ќе се сретнат со подобриот од серијата помеѓу Атирау и Тобал Констанај (2-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА