Рајковиќ и Илиевски во „ПРЕСИНГ“ со прв совет за Главчев: „Не треба да се измислува „топла вода’, само треба…“

Томица Главчев од денеска и официјално е избран за нов претседател на КФСМ. Повеќе од јасно е дека успешниот бизнисмен го очекува многу работа за да ја врати кошарката онаму каде што и е местото, како спорт број еден во државата.

Емил Рајковиќ и Марјан Илиевски во подкастот на ЕКИПА, „Пресинг“ говореа на најразлични теми, меѓу другото и упатија совет до новиот претседател… што е она што прво треба да се направи по влегувањето во куќата на кошарката.

„Толку многу работи се пропуштени, така што се што ќе се направи е добредојдено“, го почна своето излагање Марјан Илиевски, потоа продолжувајќи:

„Најсреќни ќе бидеме да се започне од основата, не да бараме финален производ… Се надевам дека тој што ќе дојде е запознаен со актуелната состојба и би дошол со промени, со нешто со што сите би биле среќни учесници во нешто што значи промени на подобро… Не може се преку ноќ, но да се почне од некаде каде што сите ќе осетиме … дајте сите да направиме нешто дополнително да го вратиме она што го сакаме и го заслужуваме“ – изјави Илиевски во спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“.

„Како и секоја компанија и секоја организација, клучно е кои луѓе ја водат и кои луѓе работат во неа. Ако се тргне од тоа дека кошарката е на најниско можно ниво и од главните елементи што треба да се постават, мислам дека главното е почитување на пропишаните норми и акти кои се пред се законски акти, после тоа акти во самата федерацијa за да се дојде до одредени стандарди што мора да се почитуваат. Поентата е кој ќе дојде не треба да измислува топка вода, ништо посебно, треба да направи да се почитуваат законите, и да се постават луѓе кои навистина сакаат нешто добро да направат за кошарката. Ретко има луѓе генерално во општеството што прават нешто да остават зад себе и да направат да биде нешто подобро за луѓето околу себе, а не да гледаат сопствена промоција и личен интерес… Тоа е многу лесно да се каже, а многу тешко да се постигне. Знаете, често некои велат: ‘Треба да биде кошаркар…’ Не, не треба да биде ни кошаркар, ни име, треба да биде способен, менаџер, човек со чесни намери за да барем еден чекор се направи напред и потоа сите по него да тргнат во тој правец“ – ја истакна својата поента Емил Рајковиќ.

КОМПЛЕТНИОТ ПОДКАСТ СО ЕМИЛ РАЈКОВИЌ И МАРЈАН ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

Се вчитува...