Македонскиот стратег Емил Рајковиќ, заедно со дел од своите кошаркари, беше во посета на претепаниот свој кошаркар, Алексеј Швед.
Русинот Швед кој настапува за ЦСКА Москва на нашиот Емил Рајковиќ беше брутално претепан пред ресторан во Москва од страна на хулигани. И покрај тоа што не се познати деталите, гласините говорат дека до инцидентот дошло по расправа со навивачите за незадоволството од елиминацијата во полуфиналето од ВТБ лигата.
Швед во нападот се здоби со тешки повреди на главата откако паднал на работ на улицата. Веднаш бил префрлен во болница каде сега се опоравува, а синоќа беше посетен од тренерот Рајковиќ и дел од соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА