Рајковиќ и Тофаш ќе мораат преку „мајсторка“ до следната фаза во ЛШ

Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш по победата на домашен терен, вечерва загубија на гостувањето кај француски Шоле со 105-86 и со тоа Французите израмнија на 1-1 во серијата.

Домаќинот на овој меч во текот на сите 40 минути беше подобар противник и на крајот заслужено дојде до израмнување во серијата прв до две победи во Лигата на шампионите. Мекнис со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Фуркан Коркмаз заврши со 15 поени.

Мајсторката меѓу двете екипи ќе се одигра на 14. овој месец.

Се вчитува...