Најдобриот македонски кошаркарски стратег, Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш во трилер меч загубија на гостувањето кај Каршијака по продолженија со 107-101 во премиерниот меч од 14. коло во турскиот шампионат.
Кошаркарите на македонскиот стратег одлично го отворија натпреварот и во една фуриозна игра во првата четвртина успеаја да постигнат дури 37 поени и да заминат со позитива по десет минути од 28-37.
Како одминуваше натпреварот Тофаш играше се послабо и послабо во фазата на напад. Домаќините заиграа далеку подобро и успеаја мечот да го внесат во неизвесна завршница. Тофаш имаше напад за победа, но Перез не успеа да реализира па мечот замина во продолженија (92-92).
Таму домаќините подобро се снајдоа за конечен триумф од 107-101.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

