Рајковиќ и Тофаш се непобедливи на домашен терен во турскиот шампионат

Најдобриот македонски кошаркарски стратег Емил Рајковиќ продолжува со одличните партии со својот Тофаш во турскиот шампионат, откако и на седмиот меч сезонава на домашен терен успеа да стигне до победа.

Овојпат кошаркарите на Рајковиќ беа подобри Бахчашехир со 92-82. Клучната разлика избраниците на македонскиот стратег ја направија во последниот период кој го добија со убедливи 30-14, што беа доволни за сигурна победа од 92-82.

Луиз и Перез со по 17 поени беа први имиња кај победникот, додека кај поразените недоволни беа исто така 17 поени на Кавана.

Се вчитува...