Рајковиќ и Тофаш со победа го стартуваа настапот во ФИБА Лигата на шампиони

Еден од најдобрите македонски кошаркарски стратези, Емил Рајковиќ стартуваше со победа во ФИБА Лигата на шампиони, откако неговиот Тофаш вечерва на домашен терен славеше против израелска Бнеи Херзлија со 90-86.

Во првото полувреме се играше во егал па на пауза се замина со нерешено 49-49. Во третиот период гостите одиграа неверојатно па пред последните десет минути влегоа со двоцифрена предност 63-75. Сепак, македонскиот стратег успеа да ги разбуди своите кошаркари и со фуриозен последен период турскиот тим да стигне до конечне триумф од 90-86.

Марек Блажевиќ со 25 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Илајџа Стјуарт постигна 23 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...