Рајковиќ и Тофаш во главната фаза од Лигата на шампионите

Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш успеаја да обезбедат пласман во главната фаза во третото по ранг европско натпреварување, ФИБА Лигата на шампиони, откако вечерва на домашен терен во мајсторката славеа против француски Шоле со 84-82.

Избраниците на македонскиот стратег одиграа далеку подобро во првиот дел, па на полувреме заминаа со позитива од 42-33. Гостите одиграа подобро во вториот дел, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од тесен пораз од 84-82. Блажевич со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мекнис постигна 14 поени.

Тофаш со оваа победа се пласираше меѓу 16 најдобри тима во Лигата на шампионите.

Се вчитува...