ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ го продолжува победничкиот поход во ВТБ-лигата, откако македонскиот стратег се израдува и на петнаесеттата победа во низа како предводник на рускиот гигант.
Рајковиќ реши на гостувањето против Минск да им даде заслужен одмор на двајцата најдобри кошаркари, Швед и Милутинов воопшто не отпатуваа со тимот, но ЦСКА и без нивна помош стигна до преубедлива победа од 66-101.
Избраниците на македонскиот стратег делуваа особено надмоќно во првото полувреме, во кое за 20 минути игра поведоа со 22-63, по што во остатокот од мечот покажаа милост кон противникот и на крајот славеа „само“ со 35 поени разлика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА