Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва го освоија бронзениот медал во ВТБ лигата откако славеа со 4-1 во серијата за трето место против Зенит. До триумф од 82-79 во натпреварот број пет московскиот состав стигна во неизвесна завршница во која пресуди Дејан Давидовац.
Српскиот интернационалец имаше клучни поени во рекетот на 18 секунди пред крајот на натпреварот за минимални водство од 80-79, а потоа изнуди и прекршок во напад во обидот за ново водство на Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА