Рајковиќ и ЦСКА Москва без проблеми против Екатеринбург

Најдобриот македонски кошаркарски стратег и неговата ЦСКА Москва остануваат максимални во новата сезона во руската ВТБ лига, откако денеска во меч од 8. коло славеа на гостувањето кај Екатеринбург со 73-86.

Избраниците на Рајковиќ одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од седум поени 19-26. Во вториот дел домаќините возвратија на ист начин па на пауза се замина во егал (40-40).

Во вториот дел „армејците“ ја оправдаа фаворитската улога и на крај стигнаа до сигурен триумф од 73-86 за осум од осум на стартот на новата сезона. Жан Чарлс Ливио со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Елис Октавиус постигна 20.

Се вчитува...