Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА во среда играат трет натпревар во плеј-офот во Русија. Во битката за третото место, „армејците“ играат против Зенит, а во моментов серијата е 1-1.
Македонскиот тренер кажа дека му е најважно ЦСКА да игра според договореното, односно да ја игра својата игра и добро да се претстави.
„Сите работи зависат од нас, ние како ќе се поставиме. Најважно е да одиграме според она што ќе го договориме, според нашиот план, да се браниме агресивно, да вложиме големи напори во нападот. А, потоа може да зборуваме за тактики, детали, за индивидуалните статисики на играчите“, рече Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА