Рајковиќ: Навивачите не ме прифатија во МЗТ

Емил Рајковиќ повторно има одлична сезона во Полска каде што беше прогласен за тренер на годината. Неговиот Стал Остров продолжува со добрите резултати и е на чекор до пласман во финалето. По нешто помалку од две години, Рајковиќ отворено прозборе и за заминувањето од МЗТ Скопје Аеродром.

„Јас потекнувам од Работнички. Минав таму 15 години како играч и уште две како тренер. Пред две години, откако претходно трипати добивав покани, решив да ја прифатам понудата од МЗТ Скопје. Сметав дека е тоа добра шанса. Сепак, се покажа дека на навивачите не им се допаѓаше тоа што сум од Работнички. Тие не исвиркуваа при поразите. Екипата се натпреваруваше во Еврокупот и во АБА лигата. Имавме серија врзани порази, од Црвена Звезда, Партизан, Цибона и од Цедевита. Тоа е врвот на АБА лигата. Чувствував дека навивачите се многу незадоволни и проценив дека останувањето ќе нема поента. Набрзо потоа дојдов во Стал“ – вели Рајковиќ во интервју за полските медиуми. 

Рајковиќ го презеде МЗТ Скопје Аеродром во 2016 година, но многу крато беше на кормилото на клубот. Кратко по заминувањето се врати во Полска каде што и претходно имаше забележителни резултати.

 

Се вчитува...