Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со тимот на Стал Остров не успеа да го освои шампионскиот пехар во Полска. Неговиот тим потклекна во финалната серија против Анвил губејќи ја со 4-2 во победи, откако денеска Стал беше поразен на домашен терен со 65-73. Гостите го добија мечот во последната четвртина, кога Стал Остров уфрли само 11 поени.
Сепак, и самиот пласман во финалето е голем успех за Стал Остров, тимот на Емил Рајковиќ. Анвил дојде до шампионски трофеј за првпат по 15 години, а ја прекина доминацијата на Зиелона Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА