ЦСКА нема кој да ја сопре во рускиот шампионат. Тимот предводен од македонскиот тренер Емил Рајковиќ, денеска дојде до нова победа во рускиот шампионат.
„Жртва“ на „армејците“ денеска беше тимот на Астана, кој беше совладан со 100-72. Во ниту еден момент не беше победникот доведен во прашање, затоа што уште по првата четвртина ЦСКА ја покажа својата сила, и ја доби со 15 разлика, а на полувреме замина со 24 поени плус. Во вториот дел само ја зголемуваше разликата, за на крај да дојде до победа од 28 разлика.
ЦСКА сега има 21 победа од 21 меч, на второто место Уникс Казан, тимот на Ненад Димитријевиќ кој има скор од 18 победи и два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА